Македонија
19. October 2021 - 16:37

Никнуваат објекти во парк шумата Водно - по бројните куќи сега на повидок и кафуле?

Нова населба никнува во парк шумата Водно. Во ек е голема градежна експанзија. Дрвен мост и срамнето земјиште на кое ќе никне нов објект. Ова се случува на среде пешачката патека „Словенска“ која води до средно Водно.

Патеката е узурпирана од градежна механизација па велосипедистите и граѓаните се снаоѓаат за да поминат.

Граѓаните кои ги сретнавме како пешачат велат дека забележале но не знаат за што станува збор.

Додека снимавме, наидовме на отпор од работниците кои потенцираа дека се работело за приватен имот.

Градоначалникот во заминување на О. Центар вели на тоа место нема градежна парцела и потврди дека се работи за парк шума водно. Богдановиќ од нас слушнал за овој случај и попладнево испратил инспекција.

Од спротива пак цела населба до која се стигнува по каллив пат кој претходно не постоеше. Патеката е разгазена од возила а по патот се гледа како е бутната маркацијата на која пишува „ПАРК ШУМА ВОДНО“.

Од она што го видовме најверојатно веќе е спроведен и водовод до овие куќи.

За овие куќи градоначалникот вели дека најверојатно се изградени од порано и сега  добиле легализација. Но остана службите да проверат и да ни испратат до каде е границата во ДУП- от каде се предвидени градежни маркици.

Еколошките здруженија и невладени до сега не реагирале за овој случај.