Врнежите добредојдени за земјоделството, од идната недела оптимални услови за дособирање на родот
Влажниот бран донесе количества дожд еквивалентни на двомесечни суми. По подолг сушен период, ваквиот, умерен карактер на врнежи кои целосно се апсорбираа во сувата почва, е она што им беше потребно на земјоделците, велат агрометеоролозите.
Сепак, додаваат, моментно површинската влага е преголема за да почнат какви било работи на нива.
-Со оглед на прогнозите, овој влажен бран завршува викендов па наредната седмица треба да имаме пред се суво време, без врнежи, на почетокот со умерена облачност, со покачување на дневните температури кои треба да достигнат и до 20 степени во текот на неделата, што е добра вест за земјоделските производители. За земјоделците е битно што облачноста ќе ги одржува утринските температури на повисоко ниво, а дневните температури ќе бидат во пораст со што ќе се загрее атмосферата и нема да бидат забележани минимални утрински температури. Тоа ќе им се овозможи оптимални услови за дособирање на родот, истакнуваат агрометеоролозите.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло