Македонија
6. September 2021 - 16:37

Како дипломатскиот скандал останал скриен цели 3 години?

Како врел костен надлежните институции си ја префрлаат одговроноста за дипломатскиот скандал во македонската мисија при ОБСЕ во Австрија. Актуелниот шеф на МНР, Бујар Османи вчера на социјалните мрежи изрази загриженост за состојбата и најави ветинг.

Неговиот претходник Никола Димитров се дистанцираше од случајот коментирајќи дека не знае зошто и како дипломатот за кој имало индиции дека е вмешан во криминал добил дозвола токму од Османи повторно да се врати во мисијата на ОБСЕ.

По македонскиот дипломат Миле Миленковски Ерменија распишала потерница на 25 февруари минатата година под сомнение дека му помогнал на ерменски тајкун кој се барал за повеќе кривични дела илегално да ја напушти земјата. Како е можно Македонското Министерство за надворешни речи си година и половина да не знае за овој случај, актуелниот шеф на полицијата вели дека нема информации бидејќи тогаш, тој бил технички премиер.

И Чулев ја отфрла одговорноста. Вели дека во сите 7 месеци додека бил технички министер никој од службите во МВР не му доставил информација за било каков дипломатски скандал

„Додека јас бев министер, ниту еден од пиуните на Оливер Спасовски до мене не достави информација за било каков криминал од меѓународни размери, напротив тие по негова насока правеа опструкции и вешто ги скриваа скандалите правени од негова страна. Исто така, дополнително ниту било која друга државна институција не ме информираше за наведениот скандал. Доколку сака вината во некого да ја побара тоа нека го направи во кадрите поставени од Владата и лично од него.“ – пишува Чулев на социјалните мрежи.

И премиерот Заев не знае ништо. Вели дополнително ќе чека детали.

Македонија е во центарот на дипломатски скандал откако минатата недела во Србија беше уаспен Миленковски. До овој момент во Македонија против него не се води никаква постапка.