Македонија
14. July 2021 - 16:50

Џафери ја врати поднесената интерпелација

Талат Џафери на кукавички начин избегна соочување со пратениците. Опозициската Левица реагира на постапките на собранискиот спикер кој режи да ја врати како нецелосна интепрлацијата која му ја поднесе целата опозиција во македонскиот политички блок во Собранието со оправдување дека не била усогласена со Деловеникот.

Во Собранието веќе 2 интерпелации поднесени од опозицијата чекаат повеќе од половина година за да бидат ставени на седница. Иако причините за интерпелацијата за Џафери се користењето на албанскиот јазик пред Европскиот парламент и двојазичните документи кои спротивно на законот им се делат и на пратеници Македонци од ВМРО-ДПМНЕ велат дека спикерот сега отишол и чекор подалеку па освен документите почнал на албански да им ги преведува и личните имиња.

Од кабинетот на Џафери се што може да се добие како одговор е дека интепрлацијата е одбиена бидејќи не е во согласност со Деловникот без да се прецизира во кој дел се направени пропустите.