Кошарка
13. July 2021 - 18:23

По Нигерија и Австралија подобра од американскиот „Дрим тим“

Топ фаворитот за златниот олимиски медал на кошаркарскиот турнир во Токио, селекцијатра на САД е далеку од посакуваната форма. 
 
Имено Американците и по втор пат се поразени на подготвителниот рурнир што се одржува во Лас Вегас. 
 
Откако пред два дена загубија од Нигерија, утринава така-наречениот американски „дрим тим“ загуби и од селекцијата на Австралија со 91-83. 
 
Пети Милс со 22 и Џо Инглс со 17 поени беа најзаслужни за австралиската победа, а Лилард со 22 и Кевин Дурант со 17 поени се истакнаа кај Американците.
 
Првпат откако професионалци од НБА лигата играат за репрезентацијата, Американците двапати загубија, со што е вклучен алармот во јавноста и кај селекторот Грег Поповиќ.
 
На истиот турнир пак селекцијата на Нигерија уште еднаш покажа дека е вио топ форма и убедливо со 23 поени разлика 94-71 ја совлада Аргентина