Македонија
8. July 2021 - 19:39

ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе резолуцијата во Собрание

ВМРО-ДПМНЕ и официјално ја поднесе резолуцијата за македонските црвени линии во Собранието. Од партијата и денеска повторија дека очекуваат документот да ги зајакне македонските дипломатски позиции. Ги повикаа пратениците од останатите политички партии да стават потпис на предлогот и да ја дадат својата поддршка. 

Резолуцијата составена од 8 точки ја обврзува Владата во преговорите со Бугарија да ги почитува јазикот и историјата врз основа на фактите што ги утврдила македонската и светската наука.

До сега декларативна поддршка стигна од сите политички партии во македонскиот блок. Во албанскиот ДУИ дава поддршка но има забелешки додека Алијанса се уште нема изнесено став.

Согласно Деловникот, Претседателот на Собранието Талат Џафери треба резолуцијата да ја стави на дневен ред по што пратениците ќе можат да расправаат. Кога тоа ќе се случи од кабинетот на спикерот се уште немаат прецизен датум.