Македонија
23. May 2021 - 16:53

Можен ли е брз договор со Бугарија и зелено светло на јунскиот самит?

За се постои решение но треба да се избере вистинскиот момент. Премиерот Заев не губи надеж дека се уште може да се најде решение на проблемот кој Бугарија го има со нашиот јазик и идентитет иако не крие дека политичката клима кај нашиот источен сосед не остава многу простор за оптимизам. Прашан како ќе најдете решение со официјална Софија која тврди дека и вие и вашиот јазик потекнувате од Бугарија, премиерот вели, и за тоа ќе најдеме решение.
Постои решение за се, ама треба да се избере прав момент. Кога има избори на Балканот, тоа се тешки моменти, тешко е за решавање, а во Бугарија сега беа. Се разбираме исто како и со Србија, слични јазици зборуваме и верувам дека ќе најдеме заедничко решение. Kога ќе ги прашаме „зошто не го признавате македонскиот јазик“ тие велат „Не, ние таа реалност ја прифаќање, но дај да видиме кои се корените“. Ние имаме заедничка историја, цела Европа има заедничка историја а не па Балканот. Од тие исти истории се создале нации, македонска, српска, бугарска, хрватска, сите“ – вели Заев.

Опозицијата констатира дека и покрај ветувањата за напредок, факт е дека македонската интеграција назадува. Од таму велат дека се свесни за нрационалните позиции на Бугарија но вината ја лоцираат кај Владата која не успеа да изгради цврсти државни позиции

Во пресрет на јунскиот самит Брисел е во нова дипломатска офанзива со цел да истурка решение меѓу двете земји пред стартот на летото. За тоа беше избран португалскиот предлог кој медиумите во Софија го прогласија за неприфатлив уште пред да биде ставен на маса пред властите во Скопје.