Македонија
21. May 2021 - 12:28

Над 80.000 луѓе во Македонија немаат доволно храна за да јадат секој ден

Околу 80.000 луѓе во земјава јадат само 2 до 3 пати неделно. Штип и 19 други македонски општини се вклучија во проектот „Нула глад“, со што се обезбедуваат пакети со храна, дезинфекциски средства и заштитини маски за 2000 најзагрозени социјални семејства. 

Банките за храна во Европа, на дневна основа помагаме 12,8 милиони луѓе. Ние, дневно имаме над 300 лица. Досега над 1075 семејства во 4 градови имаат некаква месечна помош од нас. Тоа е од прилика 9 до 13 тони храна. Колку имаме донации, толку донираме- изјави Душко Христов, Банка за храна - Македонија.

Единствен критериум за добивање на бесплатни пакети храна еднаш неделно е лицата да се приматели на социјална помош или да се во социјален ризик.

Ние заедно со центарот за социјални грижи за секоја акција правиме проценка на кого најмногу му е потребна храната и така ја донираме, но идејата е, да дојде до што поголем број на корисници, а пред се, на оние на кои што им е најпотребна-изјави Боби Шарковски, Солидарен фонд - Штип. 

Сите тие кои не се корисници на некое право од Законот за социјална заштита, можат да се обратат до Центарот за социјална работа или до банката за храна, да им се утврди фактичката состојба и на тој начин да им се овозможи поддршка- изјави Златка Иванова, Центар за социјални работи - Штип.

Во акцијата за донирање, пакување и дистрибуција на храна, може да се вклучи и приватниот сектор, но и секој друг хуман граѓанин.