Експерти: Бразил е закана за целиот свет, откриени 92 мутации на коронавирусот

Бразил е на второ место во светот по бројот на смртни случаи од коронавирусот, а домашните експерти предупредуваат дека врвот на сегашниот бран на епидемијата ќе биде достигнат дури за неколку недели.
Брзото ширење на мутацијата на коранавирусот, која првпат беше откриена во Бразил, е главната причина за загриженост низ светот, пишува Би Би Си.
Претседателот Жаир Болсонаро на самиот почеток ја потценуваше опасноста од коронавирусот, но сега се фокусира на националната кампања за вакцинација, која според неговите критичари е задоцнета.
Бразилскиот институт за јавно здравје „Фиокруз“ соопшти дека се откриени 92 мутации на коронавирусот во земјата, од кои најопасна е П.1, што предизвика загриженост, бидејќи се смета дека е многу позаразна од првичниот вид на вирусот.
Бразил има најголем број на починати од Ковид-19 во Латинска Америка, а последните недели еден од четири пријавени смртни случаи на коронавирусот во светот е во Бразил.
Докторот Мигел Николелис, бразилски професор по невробиологија, вели дека болниците во земјата се во колапс и ова е првпат во историјата да се распаѓа јавниот здравствен систем. Тој посочи дека ситуацијата може да биде ублажена доколку се набават поголеми количества на вакцини.
Николелис нагласи дека Бразил не е само епицентар на пандемијата во целиот свет, туку и дека претставува закана за целокупните напори на меѓународната заедница да ја контролира болеста.
Микробиологот Наталија Пастернак смета дека Бразил има добра програма за имунизација, една од најдобрите во светот, но дека нема вакцини. До крајот на март, Бразил доби само околу половина од планираните 46 милиони дози вакцини.
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
