СДСМ: Попис во 2021 ќе има, нема да успеат блокадите на Мицкоски и ВМРО фејк њуз ДПМНЕ
Толку може Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ на чело со него, фокусирани на деструкции, блокади и лаги.
Соочени со порази и казни од граѓаните, наместо конструктивност, Мицкоски и ВМРО фејк њуз ДПМНЕ не престануваат да шират лаги и да блокираат секаков прогрес на државата.
Овојпат Мицкоски можност виде во предлог Законот за попис, на кој ВМРО ДПМНЕ се спротивставува.
Од што се плаши Мицкоски?
На пописот граѓаните не се изјаснуваат за партиската припадност, па да стравува дека и на пописот ќе изгуби.
Ниту пак, пописот е гласање на недоверба на лидерот на ВМРО ДПМНЕ за Мицкоски уште повеќе да стравува.
Мицкоски треба да знае, дека пописот е статистичка операција и оваа негова опструкција ќе биде поразена, зошто пописот не смее да зависи од волјата на политичките партии и лидери.
Тоа беше концепт на ВМРО ДПМНЕ, во 2011 поради што и пропадна пописот, а со него и милиони евра на граѓаните.
Граѓаните ги препознаваат и ги казнуваат штетните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Толку може Мицкоски и затоа уште долго останува во опозиција.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Македонија годината ја завршува на 67. место на ФИФА ранг-листата
-
Мекинро: Не верувам дека долго ќе трае соработката меѓу Ѓоковиќ и Мареј
-
Пакистан се обидува да ја засили дигиталната контрола
-
Путин: Руската економија „стабилна“ и покрај „загрижувачката“ инфлација
-
Зеленски: САД и ЕУ само заедно можат да ја спасат Украина
-
Фатени двајца бегалци од затвор
-
Заврши есенскиот дел од ракометната Суперлига, Алкалоид лидер
-
Работнички со максимални шест порази ги заврши настапите во АБА 2