СДСМ: Мандатите се чисти, ВМРО-ДПМНЕ го блокира Собранието
Верификацијата на мандатите на новите пратеници е чиста како солза.
Впрочем вакви ситуации има и во претходниот период кога ВМРО ДПМНЕ беше мнозинство и тоа е лесно проверливо. Ова е коментарот на Јован Митрески, координатор на СДСМ за тужба од ВМРО ДПМНЕ за оспорување на мандатите на пратеницте што дојдоа на местото на оние кои пред изборот на оваа влада поднесоа оставки.
„За жал, деструктивната ВМРО ДПМНЕ продолжува со блокади, овој пат за верификација на мандати на пратеници кои се избрани на избори и за кои гласале огромен број граѓани што претставува преседан. За прв пат во досегашната работа на Собранието, од осамостувањето до денес, две пратенички од нивниот состав гласаа против верификација на мандат на пратеник. Која е логиката да има избори ако тие гласаат против или го бојкотираат процесот на верификација на мандати?!", коментира Митрески за Сител.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Заеднички воздушни вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија
-
СВР Скопје го расчисти убиството во Арачиново
-
Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два
-
ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство
-
Русија соопшти дека синоќа соборила 19 украински беспилотни летала
-
Втор круг од претседателските избори во Молдавија
-
Бајден упати остри критики кон републиканците за Законот за заштита на пациентите
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози