Битолскиот универзитет ги стартува уписите за нови студенти
Битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“ прави стратегија за функционирање за време на корона кризата со повеќе сценарија за одржување на наставата во зависност од состојбата. Ректорот вели дека имаат одговорност кон студентите за нивната безбедност, па затоа мора да се пристапи системски и да се извлече најдоброто. Засега предност се дава на комбинираната настава.
- Ако кризата не изненади во март и април, таа не смее да не изненади во септември. Најлесно е да речете одиме онлајн, ние не сме створени за универзитети да функционираме целосно онлајн, но не можеме да ги затвориме за варијантите за онлајн настава. Мора да ја процениме потребата на секоја струка. Не може еден Ветеринарен факултет да оди целосно онлјан, тоа би било апсурд. Можеби најлесно, но не е одговорно спрема оние кои сакаат да студираат ветерина. И затоа ние ќе направиме насоки во кои групи може да се држи со физичко присуство, а каде онлајн, изјави проф. д-р Сашо Коруновски, ректор на УКЛО.
Имаат позитивно искуство со комбинираната испитна сесија во јуни и јули за што досега немало поплаки дека било нарушено здравјето или имало нерегуларности.
Од денес започнуваат уписите кои оваа година се одвиваат со електронска предрегистрација.
-Бидејќи законот вика дека за упис се поднесуваат оригинал документи, не сакаме да експериментираме со скенирани документи, ние направивме распоред на сите пријавени кандидати ќе добијат термин кога да ги донесат документите, организирано да нема гужва, секој ќе се пријави на маил ќе добие порака кога да ги донесе оригинал документите, изјави Коруновски.
Оваа академска година на битолскиот универзитет ќе можат да се запишат 2600 студенти.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
