1% од македонското население е инфицирано од хепатит Б или Ц
1% од населението во Македонија е инфицирано со хепатит Б или Ц, бројка која не е занемарлива, велат од Хепар Центарот од Битола кои денеска го одбележаа Светскиот ден за борба против хепатитот. Болните од ова заболување наречено „тивок убиец“ се соочуваат и со предизвиците кои ги носи Ковид 19.
-Се прави истражување на светско ниво, каде сите пациенти без разлика дали се од хроничќен хепатитис Б или Ц или хронични заболувања на црниот дроб, се разгледуваат контраефектите од Ковид 19 и колку е зголемена смртноста. Најновите податоци од Универзитетот Оксфорд покажаа дека за жал црнодробните заболувња имаат зголемен морталитет скоро два пати, вели Милан Мишковиќ, Хепар центар Битола.
За прв пат е набавена и иновативна терапија за пациентите со хроничен хепатит Ц од страна на Министерството за здравство.
-Најнова терапија иновативна за хроничен хепатитис Ц, терапија која овозможува сите генотипови да имаат излечивост повеќе од 95%. Ова е добар почеток за да се отворат вратите за позитивната листа. Нашите барања остануваат до Министерство за здравство по однос на позитивната листа. Заедно со Инфективна клиника и Гастроентерохепатологија направија големи напори за да ја добијат оваа првична терапија, истакна Мишковиќ.
Како придонес во превенцијата, Хепар Центарот донираше 1300 брзи тестови кои ќе се дистрибуираат во центарот за превенција и третман на зависности во психијатриското одделение во битолската болница.
-Сега заради ситиацијата со Ковид 19 не е возможно, но претходно се третираа пациентите од хепатит во Инфективното одделение во Клиничка болница Битола, секогаш ги запазуваме протоколите за детекција и рано откривање на хепатитите, истакна д-р Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница Битола.
Од Центарот за јавно здравје велат секој може да се инфицира, но најризична група се здравствените работници.
-Бидејќи при интервенциите чесно се боцнуваат, ако има заразено лица а не се заштитени може лесно да се пренесе, потоа интравенските корисници на дрога, истакна д-р Лилјана Милевска, специјалист по социјална медицина.
Настанот се одржа под мотото „Хепатитис – безбедна иднина“, а поддршка добија како од локалната самоуправа, така и од канцеларијата на СЗО во земјава, ЕЛПА, но и здравствените институции од градот и државата.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
