Македонија
24. July 2020 - 19:38

Со смарт часовници во контрола на здравјето кај децата

Со помош на смарт часовници кои даваат податоци за евентуални аномалии, во тек е скрининг за мапирање на деца од 6-12 години со кардио и респираторна чувствителност. Целта е да се подобри здравјето на децата, но и да се идентификуваат можни нови пациенти. Процесот на мапирање се уште трае, а досега кај 10% се утврдени аномалии.

-Се опфтени околу 600 деца од досегашното мапирање, се поставуваат смарт часовници за сите аномалии, преку софтвер одат податоците во болницата. Потоа во амбулантното педијатриско возило кое е набавено преку проектот, да се трансферираат на понатамошни прегледи. Досега 10% се мапирани, вели Милчо Дули, Сфера Интернационал.

Смарт часовникот кој им се става на децата е поврзан на интернет 24 часа и преку него тимот педијатри од битолската болница ги следат параметрите.

-Ова е еден голем исчекор, тие се детектираат и потребно е да се направи. И инциденцата не е голема на неоткриени бидејќи често и пренатално се следат тие аномалии и деформитети. Се разбира дека е од големо значење, бидејќи подобро е да спречиме отколку да лечиме во подоцнежна возраст за да се преземат сите здравствени протоколи кои треба да сенаправат за квалитетен живот на едно дете, изјави д-р Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница Битола.

Амбулантното педијатриско возило после проектот ќе биде донирано на Клиничката болница во Битола. Скринингот на децата е дел од ИПА проект за прекугранична соработка кој се одвива во Битола и пограничниот дел од Грција.