Стартуваше новата серија на Ева Лонгорија - „Теленовела“
„Очајната домаќинка“ Ева Лонгорија се врати на малите екрани.
По завршувањето на „Очајни домаќинки“, Ева се посвети на продукција и го „исфрли“ успешниот серијал „Итри помошнички“. Но, сега таа промовираше нова серија каде е продуцент и ја толкува главна актерка.
Првата епизода од новата серијата „Теленовела“ на Лонгорија во неделата беше премиерно емитувана во САД,
Во неа Ева ја игра Ана Софија, ѕвезда на мексиканска ТВ „сапуница“, која воопшто не зборува шпански. Таа не разбира што зборуваат нејзините соработници на сетот, а вистинските сплетки почнуваат кога на снимањето доаѓа нејзиниот поранешен сопруг, со кого таа имала непријатно минато.
Ана Софија ја мачат и холивудските предрасуди затоа што актерка постара од 35 години може да игра само мајка, па во првата епизода таа доживува нервен слом, што го забележуваат голем број нејзини обожаватели кои дошле да ја видат нивната омилена ѕвезда.
Гламур, драма и многу смеа е она што ќе понуди оваа серија со печатот на Лонгорија.
Ново на Сител
-
Не се срамев од работа, успеав на село со свој бизнис | Сања Димковска | Sitel Podcast 041
-
Тројно убиство во Србија: 22 годишник со ловечка пушка ги убил татко му, дедото и бабата
-
МЗ: Владата усвои информација за состојбата во хируршките клиники, се укажува да се замени опремата на централната компресорска станица со нова
-
Во полициска акција во шест европски земји уапсени 17 членови на албанска нарко организација
-
Тешко повреден работник во фирма во Скопје
-
Финансиска и логистичка поддршка за македонскиот олимписки спорт од меѓународните олимписки организации
-
239 куршуми одземени од кичевчанец
-
Малолетно девојче нападнато и ограбено во Аеродром