-->
-->
Димитров контра Османи: Има позитивни сигнали од ЕУ, но работата не е докрај завршена
-->

По вчерашниот состанок на КОРЕПЕР министерот за надворешни работи вели дека имал контакти со повеќе земји членки на унијата и дека добил позитивни пораки, но не и гаранции дека Македонија ќе добие датум за старт на преговорите.
"Денеска продолжува дебатата во КОРЕПЕР, има позитивни сигнали, но никој не дава гаранции, односно работата не е завршена докрај. Прво КОРЕПЕР не е тело што носи политички одлуки и второ во овој момент се прават напори како да се одржи состанокот на Советот за општи работи на 24 март во Брисел. Мислам дека ЕУ многу ќе згреши ако испрати порака дека е толку многу оптеретена од здравствената криза што не можат да носат други одлуки. Но и нашите политичари треба да бидат внимателни со изјавите кои ги даваат по разочарувањето од минатите самити на ЕУ, порача Димитров откако утрово вицепремиерот за европски прашања изјави дека ЕУ постигнал консензус за отворање на пристапни преговори со Македонија.
Деспина Тодоровска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот