Откупот на тутунот при крај, незадоволство во Долненско
Откупот на тутунот е при крај, но сѐ уште постои незадоволството и револтот кај тутунарите во Долненско. Посебно се револтирани од селото Црнилиште каде бараат да се вратат шесте пунктови на откупувачите за да се дооткупи родот. Незадоволни се зашто не се откупува договорениот род, а и се закинува на класите. Сега откупува само „Алијанса“ од Кавадарци.
Кемал Ибраимоски од Црнилиште вели дека за откуп има од 100 до 150 тони договорен тутун.
-Во почетокот на откупот имаше шест откупни пунктови. Од нив, работи само еден откупен пункт, на „Алијанса“ од Кавадарци. А има неоткупен тутун договорен со откупувачите. Во Црнилиште за откуп има од 100 до 150 тони тутун, вели Ибраимоски.
Рамадан Јусуфоски не знае што да прави со родот зашто само дел е откупен.
– Имам договор за откуп на 3,4 тони тутун. Досега имам донесено за откуп во „Сокотаб“ 1,4 тони. За другиот тутун ми велат – кај сакаш носи го, рече Јусуфоски.
Муса Ибраимоски, тутунар и донеодамна од здружение на тутунопроизводители „Златен лист“ од Долнени, вели дека мора да се вратат пунктовите за да се откупи родот. Смета дека се увезува тутун од соседните земји, затоа не се дооткупува домашниот род.
– Да се вратат и да се отворат сите шест пункта од почетокот. Отворен е само пунктот од компанијата „Алијанса“ од Кавадарци. „Сокотаб“ од Битола има за откуп барем уште 35 тони со договор, компанијата „Секе“ треба да преземе уште 40 до 50 тони. Оод оваа компанија објавуваат дека сите количества да се носат во Крушево за откуп. Како да одат тутунарите таму и да прават големи дополнителни трошоци. Има увоз на тутун од странство: се увезува тутун од Албанија, од Бугарија, од други држави, изјави Ибраимоски.
Откупот на тутунот во земјава е при крај. Според последната информација од земјоделскиот инспекторат, досега се откупени околу 25 000 тони, што е преку 93 насто по просечна цена од 221 денар за килограм. Од Министерството за земјоделство се категорични дека целиот род ќе се откупи.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска