Со преквалификација до работа во ИТ секторот
Преку преквалификација на млади невработени лица за 3Д моделирање, се прави обид тие да се задржат во земјата и да се вработат во компании од ИТ секторот кој е во пораст и каде има потреба од работна сила. Целта на проектот „Дизајнирај ја својата работа“ е да се адресира еден од најголемите проблеми, а тоа е невработеноста на младите луѓе и нивното масовно иселување од регионот.
-Според нашето истражување има голем број млади кои се иселуваат надвор од државата, но имаме се поголем број компании кои се отвораат и нудат можности за вработување токму во ИКТ секторот. Затоа го направивме овој проект за да извршиме преквалификација и да можат да најдат работа во своите држави, и да останат и да не заминат во Западна Европа, како што е трендот во Западен Балкан, изјави Катерина Поповска,
Учесниците во проектот се надеваат дека стекнатото знаење ќе го применат за да останат тука, а не да заминат надвор од државата.
-Последните неколку години сме сведоци дека во Битола се отвораат повеќе ИКТ компании, на младите им се зголемуваат можностте тука да работат, да замислат некој живот, да остварат тука. Целта ми беше да останам во Битола, да не замислувам дека сакам да одам во странство, и да немам таква желба. Дел од моите врсници се иселени, сите се со факултети и добри во нивната струка, но другите сакаат да бидат тука во Битола, изјави Мила Најденовска
Проектот е финансиран од програмата Еразмус Плус на ЕУ за Западен Балкан, а го реализира Сфера Интернационал во партнерство со организацијата Рес Полис од Србија.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
