Здружението на судиите најостро ги осудува нападите врз судството и судиите

Управниот одбор на Здружението на судиите најостро ги осудува нападите врз судството и судиите од било која страна и смета дека тие претставуваат директен притисок врз независноста и самостојноста при одлучувањето и правораздавањето.
Оваа реакција следи откако шефицата на ОЈО за гонење на организиран криминал преку СМС порака испрати критики и закани до судиите во Апелацискиот суд, кои одлучија да ја прифатат жалбата на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, по што таа замина во домашен притвор, во станот на нејзиниот син во Скопје.
-Управниот одбор на Здружението на судиите на Северна Македонија на денешната телефонска седница расправајќи за новонастанатата ситуација во Апелацискиот суд, а по повод конкретна судска одлука, во потполност го поддржува ставот на овој суд изразен од страна на колегиумот на судиите, објавен на веб страната на Апелационен суд Скопје. Воедно Управниот одбор на Здружението на судиите повикува на воздржаност и професионално однесување на сите чинители на правосудниот систем и пошироко, со цел да се даде шанса на правната држава и владеењето на правото, се наведува во соопштението од Управниот одбор на Здружението на судиите.
Ново на Сител
-

АХВ: Продолжуваат вонредните инспекциски контроли на зелените пазари
-

МВР со засилени контроли - приведени лица, откриени малолетници и незаконско приредување игри на среќа
-

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за „Пулс“
-

Макрон со порака дека доколку е потребно, протестите ќе бидат забранети
-

Бројот загинати во поплавите во Истанбул и Коџаели се зголеми на шест
-

Пад на цените на нафтата по одлуката на Трамп за Русија
-

Во протестите во Тирана повредени 16 полицајци, нападнато седиште на социјалистите
-

Реал ја победи Севилја, Мбапе постигна два гола
