Решат Качалнику, координатор на дебарското муфтиство
Со одлука на Ријасетот на Исламската верска заедница, како нејзин највисок орган, за координатор на дебарското муфтиство именуван е имамот Решат Каџалнику.
Четиресет и две годишниот Качалнику, завршил средно исламско училиште „Медресе Иса Бег“, а дипломирал на Факултетот за исламски науки во Скопје. Во служба на ИВЗ е 23 години.
Документот за неговото наменување за координатор на дебарското муфтиство му го врачи Муамер Весели, претставник на ИВЗ.
Тој доаѓа на местото на досегашниот муфтија Рамазан Хаса, кој на оваа функција беше од 2013 година.
Хаса за МИА изјави дека смената доаѓа по поднесената оставка од негова страна, поради пензионирање. Шеесет и шест годишниот Хаса во служба на ИВЗ е од 1981 година.
Дебарското муфтиство ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, односно подрачјето на Река. Нов муфтија ќе се избира според статутот на ИВЗ.
Ново на Сител
-

Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
-

Голема полициска акција во здравството: Под истрага приватна болница, вработени во Фондот и Ден Дончев
-

АХВ заплени речиси 2 тони небезбедно месо во Радовиш, заплена и на див производител на чварки во Пепелиште | ФОТО
-

Вардар со реми против Мелсунген се прости од Лигата на шампиони
-

Најсвежо утрово на Попова Шапка
-

Болсонаро избега во САД па се прогласи за „лидер на Бразил“
-

Светски ден на мозочниот удар - раното препознавање спасува животи
-

Естонија: Робот за достава предизвика сообраќајна несреќа со автобус и побегна од местото на настанот

