Кривичниот суд не се согласува со решението на Уставниот во врска со казните на адвокатите од „27 април“

Со изречените парични казни поради нарушување на редот во судот, апсолутно не е доведена во прашање повредата на правото на мислење и слободата на изразување на мислата, се наведува во издвоените мислења на Уставниот суд за одлуката за поништување на решенија на Основниот кривичен и на Апелацискиот суд Скопје за парични казни на адвокатите во постапката на предметот за настаните од 27 април, соопшти поладнево Кривичниот суд.
-Основниот кривичен суд Скопје со исклучителен респект кон Уставниот суд на РСМ како орган и кон одлуките кои овој суд ги носи, има за потреба да ја извести јавноста дека неможе да се согласи со одлуката У.бр. 57/2019 со која се утврдува поништување на решенијата, но во целост ќе ја почитува. Кривичниот суд го цени фактот дека одлуката на Уставниот суд на РСМ не е донесена едногласно и дека истата содржи и издвоени мислења на одредни уставни судии на кои мислења се приклучува, се наведува во соопштението на Кривичен.
Појаснуваат дека со поништување на одлуките на Кривичниот и Апелациониот суд , Уставниот суд на РСМ постапува како инстанционен суд, а, додаваат, таква надлежност нема, односно Уставниот суд на РСМ нема надлежност да поништува одлуки на редовните судови.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
