Албанците муслимани од Косово и Северна Македонија непожелни на албанските плажи за двајца Албанци католици

Албанската полиција распиша потерница по двајца нејзини државјани заради поттикнување омраза, а за двајцата постојат сомненија дека ја напуштиле земјата и највројатно се засолниле во соседните земји, пренесува телевизјата Ора њуз.
Веста која ја пренесуваат и другите албански медиуми, повикувајќи се на порталот Инсајден, наведуваат дека преку два видео записа тие упатуваат закана кон Албанците муслимани од Косово и Северна Македонија да не доаѓаат на одмор на албанското крајбрежје бидејќи „ќе бидат живи дерени, како што тоа им го правеле Србите на Албанците во Косово“.
Покрај ова и други навредливи зборови, Албанците муслимани од двете земји, кои заминале на одмор на плажите во Албанија, ги нарекуваат „валкана и карцерогена раса“.
Медумите наведуваат дека овие видеа што циркулираат на социјалните мрежи предизвикале голема вознемиреност меѓу Албанците од двете земји.
-Државната полиција веднаш покрена соодветни проверки за да се изведат пред лицето на правдата лицата кои со своите коментари поттикнаа омраза и нетрпеливот. По спроведените процедурални активности полицијата ги идентификуваше двете лица кои употребуваат говор на омраза. По Антон Зефи (39) од Хот, Голема Малесија, и Луиѓ Марку (36) од Калмет, кај Лежа, распишана е потерница откако е утврдено дека се надвор од територијата на Република Албанија, соопшти државната канцеларија за борба против тероризам.
Се нагласува дека државната полиција останува посветена да се справи со какво било незаконско дејствување и да обезбеди безбедна средина за сите албански или странски државјани кои ја одбрале Албанија како дестинација за летување.
Врз основа на албанскиот Кривичен законик за кривичното дело „поттикнување омраза и нетрпение “предвидена е казна од две до 10 години затвор.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
