Македонија
4. August 2019 - 16:24

Власта и опозицијата имаат различна слика за тоа како течат разговорите за СЈО

На работните средби за законот за обвинителство се забележува чувство на одмазда и атак кон ВМРО-ДПМНЕ, тврди лидерот на опозициската партија Христија Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ не сака договор за обвинителството и преговара со пратеник кој е осомничен во предмет на специјалното обивнителство, тврди пак, портпаролот и пратеник на СДСМ Костадин Костадинов.

Власта и опозицијата опишуваат различна слика за тоа како се одвиваат меѓусебните преговори. Она што е заедничко е дека напредок во разговорите нема, а двете страни се отимисти дека компомис е можен само доколку спротивната страна го прифати туѓиот предлог.

- Јас сакам да бидам оптимиста и верувам дека ќе се вразумат од Владата и дека ќе го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ кој што е апсолутно согласно законите и согласно Уставот во Република Македонија.  Јас сум свесен дека ќе излезат повторно со вакви и ли такви коментари, авторот  на тој текст кој што е главен кочничар  во преговорите, но и предлагачот на овој текст. Но и свесен сум бидејќи единствената цел во овие преостанати неколку месеци е токму непринципиелна и насилна пресметка со опозицијата....тие состаноци изобилуваат со еден вид изразено чувство одмазда, чувство за атак и политичка пресметка со неистомислениците, во случајот опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ, веки Мицкоски 

-На преговорите што се водат за овој закон, ВМРО-ДПМНЕ за свој претставник го испрати Антонио Милошоски, осоминчен во случајот „Моќничќ“ и главен дезинформатор во белиот дворец. Наместо да побара веднаш оставка, Христијан Мицкоски го топори Милошоски со што потврди уште еднаш: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште се водат по инструкциите од Будимпешта, по насоките на осудениот криминалец во бегство Никола Груевски....вели Костадинов

СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ освен за законот за обвинителство разговараат и за две други прашања – законот за попис и измените во изборниот законик. Мицкоски не открива детали каков изборен модел е прифатлив за опозицијата, но вели дека измените согласно препораките на ОБСЕ не се спорни.

За власта, опозцијата е таа која го кочи политичкиот дијалог.

Од друга сртрана, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пак, обвини дека обвинителството е глуво на дојавите од опозицијата за вмешаност на функционери од власта во коруптивни скандали. Иако се понудил се уште не повикан во обивнителството да даде исказ за сознанијата кои ги има.

На понудата на премиерот Зоран Заев за избори во октомври догодина, Мицкоски одговара почеток на април, почитувајќи ги Велигденските празници, или до крајот на мај, имајќи го во предвид празникот Рамазан.