Македонија
14. July 2019 - 16:26

Меѓународни искуства за развој на пелагонискиот регион 2020- 2024

Како до поуспешен Пелагониски плански регион и како да стане економски поконкурентен? Со помош на меѓународни искуства ќе се изработува програма за развој на Пелагонискиот регион 2020-2024 година. По развој од сите осум плански региони во државата се наоѓа на четврто место.

-Регионалниот развој генерално е нов концепт во нашата држава, се работи неполни 10 години во нашата држава, тоа е еден комплексен и долг процес за намалување на диспаритетот меѓу и во регионите, па затоа мора повеќе внимание да посветиме на овие конференции и други настани кои ги правиме за да обезбедиме една солидна програма која на сите ќе ни биде од корист за имплементирање на активности, изјави Гого Видимче, директор на центар за развој на пелагониски плански регион.

Иако законот за рамномерен регионален развој постои 10 години, сепак нема напредок во намалување во развојните разлики меѓу главниот град и другите делови од државата. Треба да се донесе нова стратегија за во наредните десет година со која ќе има рамномерни капитални инвестиции во сите региони.

-Степенот на развиеност се разликува од плански регион до плански регион. Најнеразвиен е североисточниот плански регион, додека најразвиен е скопскиот плански регион. Токму затоа преку стратегијата која треба да се донесе за наредните 10 години треба да дадеме патоказ што треба да направиме за тие разлики да се намалуваат, рече Дејан Павлески, заменик министер за локална самоуправа .

Добрите примери и грешките кои Хрватска ги направи за заштита на локалните и автохтоните производи треба да се искористат како пример при креирањето на стратегијата за рамномерен регионален развој.

-Локалните и автохтони производи се еден од добрите инструменти за регионалното брендирање, градење на регионалниот идентитет, идентификација за едно подрачје првенствено за примарното население, секогаш со цел за економски развој, посебно во помалите средини, социјално загрозените групи. Хрватските искуства за заштита на производите донекаде напредуваа со самото членство во Европската Унија,рече Ана Марушиќ Лисец, Хрватска .

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион минатата година преку регионални форуми обезбеди средства за изградба на парк за млади за социјална инклузија и изградба на адреналински парк на Пелистер кои треба да придонесат до развој на регионот.