Македонија
2. July 2019 - 13:22

Јанакиески штрајкува со глад во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески од саботата започнал штрајк со глад, за што е известен и Кривичниот суд во Скопје. Испратена е и претставка до канцеларијата на Народниот правобранител.

Иако веќе беше во домашен притвор, Јанакиески минатата недела повторно беше приведен и се најде зад решетки во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.