Бизарна несреќа: Починал зад воланот па прегазил жена
Благица Спасиќ (66) од Фаркаждин кај Зрењанин и Жарко Јовановиќ (61) од Мошорин настрадаа во бизарна несреќа која се случи вчера околу 10.30 часот на плоштадот в Фаркаждин.
Според неофицијалните информации, возачот Јовановиќ доживеал срцев удар додека управувал со пикапот, поради што излетал од патот и удрил во Благица, која туркала количка. Несреќната жена починала на самото место, а возачот бил мртов кога мештаните се доближиле до автомобилот. Двете тела се предадени на обдукција.
Трагедија се случила на стотина метри од куќата во која Благица живеела со сопругот Раде.
-Благица туркала количка со концентрат. Само што скршнала од главниот пат, колата која одела зад неа излетала од патот, удрила во сообраќаен знаи и потоа во неа, вели очевидец.
Се се случило за неколку секунди/
-Кога возилото удри во Благица, таа падна на хаубата, а потоа одлета неколку метри понатаму. Само викна. Колата продолжи уште неколку метри, па удри во куќа, а запре кога удри во трупец, вели соговорничакта.
Набрзо се собрале мештаните, а за несреќата дознал и сопругот на Благица Раде. Кога видел дека сопругата му е мртва, тргнал да се пресмета со возачот.
Лелекал по сопругата
-Плачете и чекореше кон автомобилот. Меѓутоа кога виде дека возачот не мрда, се чини се уште повеќе се шокираше. Да беше возачот жив, верувам дека ќе го задавеше со голи раце, вели жител на местото.
Откако ја удрил Благица, автомобилот удрил во куќата на Миле Белиќ.
-Не се почувствуа толку јако, но кога излегов надвор, имаше што да видам. Скршен од болка, Раде на сет глас лелекаше по сопругата. Беше ужасно. Благица неподвижно лежеше на стомак. Количката со концентрат остана превртена на улицата.
Во семејството Спасиќ поради шокот не можеа да коментираат за трагедијата.
Ново на Сител
-
Мет Лебланк од „Пријатели“ ѝ се посвети на новата работа со луксузни автомобили
-
Муцунски во Прага на средба со чешкиот министер за индустрија и трговија, Лукаш Влчек
-
Горан Весиќ и официјално ја поднесе оставката во српката Влада
-
Трето одложување на повтореното судење за пожарот модуларната болница во Тетово
-
Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка кај село Рибарци
-
Седлоски нов тренер на Вардар
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Тројцата повредени во Нови Сад се уште се во тешка состојба, денеска протест поради трагедијата