Граѓаните не се доволно информирани за правото на здрава и чиста животна средина
Потребно е подобрување на капацитетите на граѓанските организации за подигнување на свеста кај јавноста и дебата за тоа како можат граѓаните поефективно да го остварат своето право на здрава и чиста животна средина во сите области. Ова се дел од препораките од првата средба на Националното координативно тело за пристап до правда од областа на животната средина.
Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ во соработка со Асоцијацијата за еколошко право и менаџмент „ЕМЛА“ од Унгарија почна со имплементација на проектот „Еднаков пристап за ефективна правда“. Во рамки на проектот, што ќе се спроведува две години, денеска се одржа правата средба на Националното координативно тело составено од членови од Министерството за правда, Адвокатската комора, Академијата на судии и јавни обвинители, канцеларијата на Народниот правобранител, граѓанските организации и универзитетите од државата.
Проектниот асистент од Ценатрот за еколошка демокартија „Флорозон“ Ангела Димеска изјави дека е ниска свеста кај граѓаните за искористување на правните механизми при повреда на правото на здрава животна средина.
– Во Извештајот на Народниот правобранител за 2017 година биле поднесени само 22 претставки, што е поразителна бројка, сметајќи го за жал нивото на загадување, особено на аерозагадувањето во нашата државата, рече Димеска и додаде дека не било прецизирано за која област точно се однесуваат претставките. Најави дека ќе работат на овозможување поле каде ќе може да се дебатира меѓу граѓаните и да се искористуваат оние правни механизми што веќе постојат и се на располагање.
Претседателката на Здружението за социјални иновации и одржлив развој „РАДАР“ Гордана Несторовска изјави дека граѓаните немаат ефективен пристап до правдата, кога се работи за загрозување на нивното здравје и на живот, што е загарантирано и со Уставот.
Несторовска смета дека граѓаните не се доволно информирани за можностите што ги имаат и механизмите не делуваат така како што треба да делуваат. Самите општини или пак Инспекторати, како што рече, понекогаш во одредени случаи си префрлаат дел од надлежностите еден на друг. Изрази надеж дека ќе успеат во овие две години да ја поткренат свеста за граѓанска одговорност. Според неа, граѓаните од европските држави се посвесни и си ги бараат правата преку мехазнизмите што постојат на располагање.
Предвидено е ова тело да се состанува неколку пати, а правата средба се однесува на Предлог-законот за бесплатна правна помош.
Ново на Сител
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор
-
Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени и други предмети
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково
-
Српскиот премир Милош Вучевиќ утре во посета на Скопје
-
Честитка од Свештената бигорска обител до Архиепископот г.г. Стефан, по повод 25-годишнината од востоличувањето
-
Три млади лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Гњилане - Приштина