Македонија
13. March 2019 - 16:10

Џебното вето на Иванов ги скара опозицијата и власта

За едните претседателот Иванов го крши Уставот на државата, за другите тој е избран од гражаните и има право да носи одлуки во нивен интерес. Власта и опозцијата се судрија за успензивнито вето што деновиве Иванов го искористи за 11 скоро донесени закони поради тоа што за нив се користи новото име на државата – Република северна Македонија.

-Нема да дозволиме граѓаните на Република Македонија да бидат заложници на неуставната политика на претседателот Иванов...Очекуваме дека ќе ги постигнеме роковите што се зададени со цел да добиеме датум за преговори, бидејќи станува збор за клучен пакет реформски закони и исто така очекуваме дека претседателот Иванов ќе го почитува Уставот и ќе работи со цел прогрес на нашата држава кон евроатлантските интеграции, изјави портпаролот Миле Бошњаковски.

Претседателот Иванов не потпиша 11 закони, а не се стигнати ни трите закони од областа на судството кои се донесени со 2/3 мнозинство, за кои според Уставот не не може да се искористи џебното вето.

Кога точно ќе се случи прегласувањето на закните зависи од собранискиот спикер Талат Џафери. Но извбесно е дека тоа ќе биде до 1 април кога парламентот се става во мирувањето. Потоа во опција се две опции: објавување во Службен весник со еден потпис или пак, да се чека потписот на новиот претседател.