Македонија
7. March 2019 - 19:30

Протест на жителите од битолските села поради проблем со превозот

Локалното население од селата во непосредна близина на Битола денеска го искажаа својот револт за превозот. Велат превозот е поскапен, но и се жалат дека автобусите не се соодветни, а превозот е редуциран.

-Фирмата која вози да ги вози истите лини како досега и да си пушти соодветни автобуси, цената е поскапена, во овие услови уште тоа ни фалеше, кај нас има голем револт, ВЕЛИ ЉУПЧО ЗАЦЕСКИ, ЖИТЕЛ НА ДОЛНО ОРИЗАРИ.

-Во местотот од каде што доаѓам имаше 6-7 пати дневно линиски превоз, сега е редуциран. Нема кружна линија само до одредени места, а цената е енормно поскапена, вели ГОРАН ТАЛЕВСКИ, ЖИТЕЛ НА ЛОГОВАРДИ.

Во општина Битола е спроведен повик за јавен превоз кој е законит. Битола има подобар и поорганизиран превоз, вели градоначалничката.

-Не се согласвам дека превозот бил поскапензатоа што имаме целосно нова органзација на превозот. Има зонски пристап, ако гледате на одредени населени места има намалување на цените со користење на месечна карта. Позади ова има поинакви, политички мотиви кои се во интерес на предизборието, но тоа е провидно, вели НАТАША ПЕТРОВСКА, ГРАДОНАЧАЛНИК НА БИТОЛА.

Жителите пак велат дека ова е предупредувачки протест, а ко не се реши ова ќе преземат и други мерки.