Владата ја одржа 120-та седница
Владата на денешната 120-та седница донесе одлука за формирање на Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците.
Како што соопшти владината прес-служба, дел од обврските што ќе ги има ова тело опфаќаат подготовка на Акциски план за спроведување на Законот за употреба на јазиците, во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на одлуката, следење на динамиката на реализација и имплементација на Акцискиот план, давање насоки на институциите во функција на координирање, организирање, имплементирање и операционализирање на мерките и активностите согласно тој план.
Членови на Меѓуресорската работна група согласно владината одлука се: Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, заменикот на генералниот секретар на Владата на Република Македонија, државниот секретар во Министерството за правда, државниот секретар во Министерството за финансии, државниот секретар во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, секретарот на Секретаријатот за законодавство, претставник од Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија и претставник од Собранието на Република Македонија.
На денешната седница Владата донесе одлука да не даде мислење за Предлог-законот за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари бидејќи, како што е наведено во соопштението, веќе е донесена одлука со која се предвидува пролонгирање на рокот за влегување на сила на законот за јануари 2020 година.
Истовремено Влада веќе има формирано работна група за подготвување на нов предлог Законот за трговија на зелени пазари и на која членуваат и претставници на здружението на трговците на зелени пазари и постои цврста политичка определба дека конечното решение ќе биде и во интерес на нивна заштита.
Владата ја разгледа и Информацијата за изградба на пруга Куманово-Бељаковце. Донесен е заклучок со кој Владата најавува дека ќе го преиспита Договорот за проектната единица за имплементација на проектот и ќе направи предлог за да се измени неговиот облик со цел поефикасно спроведување на договорот имајќи ги предвид значителните доцнења и нефункционалноста на проектната единица.
Владата исто така ја разгледа и усвои Информацијата за одржување на Првата седница на македонско-бугарската меѓувладината комисија за економска соработка по Договорот за економска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија.
Утврдено е дека меѓу двете земји сите економски параметри бележат позитивен развој што може да се констатира меѓу другото и преку значителниот обем на трговска размена во изминатите неколку години.
Двете земји покажуваат силна заинтересираност за натамошно унапредување на економските и трговските односи што се огледа и преку заложбата за одржување на заеднички владини седници, како и за одржувањето на претстојната седница на македонско–бугарската Меѓувладина комисија за економска соработка.
Владата на денешната седница ги задолжи Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за информатичко општество и администрација до Министерството за економија да достават номинации на членови и теми за дискусија на Првата седница на македонско-бугарската меѓувладината комисија за економска соработка.
Ново на Сител
-
МАЕИ и „Патриотското друштво“ поделија подароци и книги на македонски јазик за децата од неколку села во Пустец
-
Блумберг: Средба Трамп - Путин може да има веќе идната недела
-
Земјотрес со јачина од 5 степени регистриран во близина на Пелопонез
-
Поради магла намалена видливост до 30 метри од селото Лисец до Попова Шапка
-
Ердоган по средбата со Зеленски: Турција ќе биде идеалниот домаќин за можните разговори меѓу Русија, Украина и САД
-
Заканувачки пораки за Гаши
-
Владата го задолжила Министерството за правда да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител Коцевски
-
ОЈО Штип обезбеди докази за злоупотреба на службената положба и малтретирање во вршење на служба