Loading Video...
Кошарка
9. February 2019 - 16:32

Фаворитите ги оправдаа улогите, победи на Филаделфија, Голден Стејт и Милвоки

Од осумте дуели во НБА лигата одиграни ноќеска издвојуваме. Дербито во Денвер каде второ пласираниот тим на Западот загуби од четврто рангираниот на Истокот, Филаделфија со 110-117. На домаќините не им помогна нити расположениот Никола Јокиќ го оствари „трипл-дабл“  со 27 поени, и по 10 скока и асистенции. За победничкиот тим Џеј Џеј Редик постигна 34 поени. 
 
Водечките тимови во конференциите Голден Стејт и Милвоки забележаа победи на гостински терен и тоа. 
 
Шампионот Голден Стејт предводен од триото Клеј Томсон со 25, Кевин Дурант со 21 и Стеф Кари со еден поен помалку, славеа кај Феникс со 117-107, додека Милвоки со 122-107 го совлада Далас. Кај победникот најефикасен беше Антетокумпо со 29, а Дончиќ за Далас постигна 20 поени. 
 
На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати: Вашингтон – Кливленд 119:106, Детроит – Њујорк 120:103, Бруклин – Чикаго 106:125, Њу Орлеанс – Минесота 122:117 и Сакраменто – Мајами 102:96.