„Катимерини“: Дипломатски канал на комуникација меѓу Скопје и Атина за уставните измени

Постои отворен дипломатски канал на комуникација меѓу Атина и Скопје, за да се избегнат можни варирања од духот на Договорот од Преспа во уставната ревизија што е во тек во ПЈРМ, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.
Според весникот, повод за ова е дискусијата за одредени точки во предлог амандманите, а особено и за членот 49.
– Атина има забелешки на констатацијата што преовладуваше во амандманот предложен од владата на Зоран Заев, барајќи усогласување со членот 108 од Уставот на Грција во однос на Грците во странство, пишува „Катимерини“ и додава дека „Заев остави отворени две можности, додавање нов амандман или приложување, по завршувањето на процесот на заедничка декларација, која ќе ги појаснува односите на граѓаните на ПЈРМ кои живеат надвор од нивната земја“.
Весникот, повикувајќи се на добро информирани извори пишува дека во овој момент, додека е во тек процесот на уставна ревизија, не може да постојат појаснувачки изјави.
– Оваа дискусија, некои во Атина ја гледаат како обид на ПЈРМ да остави отворени за интерпретација различни точки од Договорот од Преспа, вклучувајќи ги и оние кои што се однесуваат на уште помалку очигледни прашања, како што се оние што однесуваат на образованието или на трговските имиња, кои всушност, ќе се решат во втора фаза, многу подоцна по ратификацијата на договорот, наведува „Катимерини“.
Според весникот, од страна на Грција не постојат јавни притисоци и затоа е избрана тактиката по дипломатски канали.
Ново на Сител
-

Над 130.000 казни од почетокот на „Safe City“, 95% од нив за брзo возење
-

Цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за еден денар
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Уапсени две лица за пожарот кај „Рампа“ – повреден пожарникар и оштетени две противпожарни возила
-

Уапсен велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари
-

Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети
-

ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско
-

Фон дер Лајен: Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на самитот на НАТО
