Македонија
18. September 2018 - 20:41

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас во Скопје

Се надевам дека сите Македонци на 30 септември ќе го искористат своето право и ќе гласаат на референдумот. На дофат е историска шанса да се реши спорот за името и да се отвори европската перспектива на Македонија. Одллуката е во рацете на граѓание. Ова е пораката на германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас кој е во дводневна посета на Македонија. Неговата порака за референдумот е уште една во низата на пораки од дипломати и државици кои деновиве ја посетуваат земјава. Мас е третиот германски политичар кој изминативе десет дена ја посетија Македонија, со се посетата на германската канцеларка Меркел.

Порача Македонија веднаш по референдумот да се зафати со реформите особено во делот на владеењето на правото, борбата со корупцијата и организираниот криминал.

Домаќинот Димитров истакна дека Германија е силен поддржувач токму затоа што препознала решителност Македонија да ги реши проблемите и да тргне напред. Шефот на македонската дипломатија со порака и до Уставниот суд пред утрешната одлука дали да ги прифати инцијативите за оценка на уставноста на одлуката за референдумот.

Средбата беше искористена и за потпишување на декларација помеѓу двете држави за мегусебно призанвање на возачките дозволи.

Мас од Скопје во четврток заминува за Атина на средби со тамошниот државен врв и опозиција.