АНА-МПА: Ципрас и Заев денеска во Мостар
Алексис Ципрас и Зоран Заев, заедно со нивните колеги од Црна Гора и Босна и Херцеговина, денеска ќе одржат квадрилатерална средба во Мостар, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Според истите информации, грчкиот премиер попладне ќе биде награден од Центарот за мир и мултиетничка соработка, за неговиот придонес во задржувањето на мирот на Балканот.
АНА-МПА објави дека околу 20 часот се очекува во Мостар да пристигнат и македонскиот премиер и премиерот на Црна Гора, а 15 минути подоцна да се одржи квадрилатерална средба на лидерите, по што ќе прошетаат по Стариот мост.
- Потоа, Алексис Ципрас и Зоран Заев ќе ја потпишат повелбата за мир и ќе бидат наградени од претседателот на Советот на министри, Денис Звиздиќ, наведува грчката новинска агенција и покрај тоа што македонскиот премиер беше награден на ланската манифестација и тогаш ја потпиша Мостарската повелба за мир.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, од кабинетот на Ципрас во официјалното најавата, соопштуваат само дека грчкиот премиер денеска ќе биде во Мостар каде што ќе биде награден од претседателот на Советот на министри на БиХ.
Дел од грчките медиуми, наградата ја поврзуваат со Договорот од Преспа.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно