Ново рочиште за нападот врз села Села по измената на обвинението
Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27 април 2017 година, за деветмина од обвинетите, откако на претходното рочиште беше повлечено обвинението против Сашо Сенков.
Обвинителот Дарко Јакимовски, минатото рочиште предложи измена на обвинителниот акт, според кое двајца од обвинетите Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски се теретат за насилство, а останатите обвинети Кире Георгиевски, Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски, Александар Јаневски - Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски и Коста Делов се товарат за обид за убиство.
Судечкиот совет, на предлог на Обвинителството донесе решение мерката притвор против Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски да биде укината и им определи мерка за претпазливост, задолжително пријавување во Судот и забрана за напуштање на државата.
Во судницата, на минатото рочиште, се онесвести обвинетиот Александар Јаневски Тошта, по што со Брза помош беше пренесен во болница на Клиника за кардиологија.
Претставникот на оштетениот Абидин Абдули, по завршуавње на последното рочиште, потврди дека е можно проширување на обвинението против други лица кои не се опфатени, а се гледаат на најновата видео снимка, но откако дополнително ќе се консултираат со обвинителството.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку
-
Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре
-
Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период