Заев: Законот за нотаријатот ќе претрпи промени
Премиерот Зоран Заев информира дека денеска закажал состанок со министерот и со заменик-министерот за правда, неговиот советник за правни работи и претседателите на коморите на нотари и на адвокати и претставникот на Стопанската комора кој работи на оваа проблематика.
- Верувам дека денеска ќе најдеме решение кое е прифатливо за двете страни, а во функција на закон кој пред се ќе им служи на граѓаните. Забораваат во борбата кој ќе добие повеќе можности да заработи дека сите им служиме на граѓаните преку пренесени овластувања. Пред се, нотарите, но секако и адвокатите, истакна Заев.
Наша конечна цел како Влада, како што рече, е да ги намалиме трошоците на граѓаните пред која било постапка.
- Во тоа име јас се надевам дека денеска ќе имаме разбирање и од претставниците на двете комори и од Стопанската комора на Македонија да изнајдеме правично решение каде секој ќе добие фер шанса согласно Уставот и законите да заработува во Република Македонија, но и граѓаните да добијат пониски сметки при нивните правно-формални постапки кои ги водат пред институциите, рече Заев.
Законот за нотаријатот, како што рече, секако ќе претрпи промени.
- Во одреден сегмент барем во еден дел сигурно се во право адвокатите, а во дел сигурно се во право и нотарите. Има и меѓународни пракси. Ние не го измисливме ова и ќе ги примениме сите меѓународно добро познати примери и она што е пракса во Република Македонија, сослушувајќи ги аргументите на двете страни за на крај да се донесе правично законско решение за заинтересираните страни, но и во интерес на граѓаните, потенцира Заев.
Прашан за Советот за имплементација на правосудниот систем, Заев рече дека овие денови очекуваат да привршуваат преговорите на политичко ниво, за политичките аспекти на самите закони.
- Токму формирањето на Советот за имплементација на Стратегијата ќе биде тој коректор, кој заедно со експертизите во одредени, многу значајни моменти ќе ги соопштува своите ставови. Затоа е формиран Совет од практичари, луѓе кои го применуваат законот и ќе го применуваат новиот закон, согласно реформите, рече Заев.
Во идниот период Заев очекува да стигнат експертиските поставености, на пример како се казнува и разрешува судија или како се наградува и унапредува судија. Или пак други експертски поставености во законот во кој, како што рече, „ние политичарите апсолутно не треба да се мешаме“.
Премиерот изрази надеж дека до крајот на неделата ќе бидат усогласени и обезбедени политичката согласност од сите политички парципиенти и работните групи меѓу пратениците. Ако тоа биде завршено, веројатно идната недела ќе биде формиран Советот за имплементација на Стратегијата за реформите во правосудството.
Заев посочи дека се доцни оти дале шанса на дијалог и внимателно ја слушале критичката јавност во делот на поставеноста на самиот Совет. Според него, од почеток довербата во тој Совет мора да биде максимално изградена за да има успешност.
Ново на Сител
-
Министерството за спорт младите кикбоксери ги награди со 12 стипендии
-
Трамп го избра пријателот на Маск, Џаред Ајзакмен, за шеф на НАСА
-
Скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при семејно насилство
-
Јаневска: Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши и се доказ дека се потребни промени во образованието
-
48-годишен скопјанец загина на патот Велес - Скопје
-
Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
-
Кривична за 18-годишник кој со нож убодел во стомак друго лице пред кафеана во Струмица
-
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот