Loading Video...
Кошарка
21. February 2018 - 18:24

Кошаркарите ги започнаа мини подготовките за дуелот против Словачка

Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација попладнево го имаше првиот собир пред квалификацискиот меч со Словачка закажан за в недела.
 
Предводени од селекторот Давитков, сите шеснаесетмина играчи кои се најдоа на неговиот список, попладнево се собраа во СЦ Јане Сандански каде ќе ги одработат четиридневните мини подготовки за претквалификацискиот меч против Словачка закажан за во недела. 
 
„За жал или за среќа нема ни „С" од скандал. Не знам каде беше тој скандал“, започна Давитков потенцирајќи дека во селекцијата владее одлична атмосфера и дека никој неможе да ја наруши истата. 
 
Првата меѓусебна пресметка црвено-жолтите ја добија на со 74-66, па оттаму шансата да со нова победа да се осигура прогрес во следната рунда не смее да се пропушти, порачуваат од нашиот табор. 
 
„Поминавме многу добро кога игравме како гости со истиот противник, но овој триумф сега треба да го завериме на домашен терен. Очекувањата е победа, не размислуваме многу на друго. Сакаме поддршка од публиката, добра игра и победа и да завериме пласман во наредната рунда од претквалификациите. Нема да дозволам никакво опуштање, сакам да бидеме максимално фокусирани и да одиграме како што знаеме“, истакна Давитков.
 
Натпреварот Македонија – Словачка ќе се игра во недела во  „Јане Сандански“, со почеток во 20 часот и 15минути, а влезот за истиот ќе биде бесплатен.