Груевски: За најранливите категории во Прилеп и Демир Хисар 101 стан од државата
Вкупно 101 новоизграден социјален стан во Прилеп и Демир Хисар ќе бидат распределени на граѓаните од најранливите категории.
Огласот, како што изјави денеска премиерот Никола Груевски, ќе биде објавен деновиве, а ќе се распределат 75 станови во Прилеп и 26 во Демир Хисар.
- Становите ќе се распределат на лица од различни социјални категории согласно Законот. Овие категории се утврдени во Законот, како што се приматели на социјална помош, деца без родители и повеќе други категории на лица кои ќе аплицираат. Распределбата ќе биде електронски, што значи со внесување на податоците за сите баратели ќе се одреди кому ќе му бидат доделени овие станови, истакна премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на скопската општина Кисела Вода.
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен