Медицинските сестри бараат Закон и Комора на здравствени работници со средно, вишо и високо образование
Закон за сестринство и Комора на здравствени работници со средно, вишо и високо образование, бараат од Здружението на медицински сестри, стоматолошки сестри, техничари и акушерки „За нас“ и Унијата на здруженија, кои денеска одржуваат работен состанок.
Координаторот на Здружението и Унијата, м-р Горданка Бешлиовска пред состанокот изјави дека целта на нивното здружување во Унијата е да се сплотат, да си го вратат достоинството на професијата, и изрази надеж дека со ваква единственост ќе успеат во напорите за формирање на Комора.
- Секаде ширум светот сестрите се сплотени во комори, а единствено ние останавме на некое ниво на здружување кое ни овозможува едукативни програми. Во овој момент немаме дефиниција на профилот. Овој правен субјект, што треба да го добиеме со овластување од министерот, ќе не однесе во една правна институција која ќе ги штити нашите права, истакна Бешлиовска.
Посочи дека во овој момент се одвива надополнувањето и измените на Законот за здравствена заштита и додаде дека барајќи поддршка и од Лекарската комора дошле до сознание дека се работи и парцијален закон за лекарите.
- Затоа го гледаме моментот во кој сакаме со нашата единственост да го побараме и законот за нашите профили. Сите ние заеднички треба да донесеме една стратегија на кој начин ќе се имплементираме во раководните структури и да ја добиеме и Комората на здравствени работници со средно, вишо и високо образование, потенцира Бешлиовска и упати забелешки на вонредното дошколување на медицинските сестри и добивање нестручни кадри во институциите кои бараат од нив големи едукативни напори и покрај тоа што се многу дефицитарни во сите здравствени институции.
Начинот на кој не сме изреализирани на работните места преку коефициентите во колективните договори, нагласи таа, ги направи сестрите доволно невреднувани во професијата и многу често тие заминуваат во странство.
- Ние медицинските сестри сметаме дека сме најкомпетентни да бидеме вклучени во образованието на медицинските сестри, а сега ни се случува настава во која сме само како едукатори, но нашите интервенции се проширија, нашето дошколување и специјализаци не е законски реализирано и не ни е признаено во многу здравствени институции. Ќе се договориме за еден голем состанок на медицинските сестри, акушерките и стоматолошките сестри од цела Македонија на кој сите заедно ќе си го побараме законот од министерот, додаде Бешлиовска.
Координаторот на медицинските сестри од Здравствен дом Скопје, Анита Димовска рече дека има несоодветно образование надвор од редовните медицински училишта.
- Значи зборуваме за тримесечни курсеви за медицински сестри со кои се филтира кадар кој е реално несоодветен и се бориме против таквото образование, бидејќи со тоа паѓа стандардот на нашиот квалитет на работа. Дипломите ги добиваат преку средно медицинските школи. Медицината не е професија која може да се заврши со курс и бара образование и практична настава, истакна Димовска и додаде дека многу голем број медицински сестри заминуваат во странство.
Одговарајќи на новинарско прашање Бешлиовска рече дека нема начин медицинските сестри со над 20 години работно искуство финансиски да бидат наградени во нивните специјалистички дијагностики, нема можност да бидат сертифицирани нивните специјалности и од таа причина сакаат оваа сплотеност да ги донесе до правен субјект кој ќе го развие правилникот и на тој начин ќе се толкуваат и по специјалност, критични единици, нивоа... - Зголемувањето на платата за пет отсто е нешто кое не ги решава проблемите на медицинските сестри, додаде Бешлиовска.
Ново на Сител
-
Министерството за спорт младите кикбоксери ги награди со 12 стипендии
-
Трамп го избра пријателот на Маск, Џаред Ајзакмен, за шеф на НАСА
-
Скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при семејно насилство
-
Јаневска: Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши и се доказ дека се потребни промени во образованието
-
48-годишен скопјанец загина на патот Велес - Скопје
-
Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
-
Кривична за 18-годишник кој со нож убодел во стомак друго лице пред кафеана во Струмица
-
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот