Празникот Успение на Пресвета Богородица одбележан во манастирот Трескавец
Стотици граѓани присуствуваа на вечерната богослужба за празникот Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Голема Богородица, која се одржа во манастирот Трескавец, во црквата која го носи името на Успението на Мајката Божја.
Отецот Калист им посака добредојде на сите верници во дворот на Мајката Божја.
- Многу сум благодарен на Бога што живеам во еден манастир, кој што е изграден со љубов на прилепчани кои покажуваат, пак, огромна љубов кон Мајката Божја и опстојуваат со векови со таа љубов. Покрај сите искушенија што ги поминавме со пожарите и се што ни се случи во последните недели поврзано, пак, со пожарите, гледам дека манастирот е полн со прилепчани кои не дозволуваат да бидат спречени да не дојдат тука на овој ден, рече отецот Калист по синоќешната богослужба посветена на Успението на Мајката Божја.
На божествената литургија синоќа присуствуваше и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, кој го посети и манастирот „Св.Никола“ во населеното место Прилепец.
Ново на Сител
-
Од мала сум гладна за успех | Мартија Станојковиќ | Sitel Podcast 063
-
Детали за големата полициска акција во тетовско и Охрид | ВИДЕО
-
Град Скопје: Аплициравме со 20 проекти, но ни за еден не добивме пари
-
МАНУ: Во Македонија, како и во земјите во регионот и во светот, постои само една национална академија
-
Кривични против цариник и радовишанец
-
Се тепале две семејства во Штип, кривична заработија 21 лице
-
Нападнат ученик во училиштен двор
-
Трамп повторно тврди дека мигрантите од Хаити јадат домашни миленичиња