Рама денеска ќе биде домаќин на состанокот на премиерите од земјите од Западен Балкан
Албанскиот премиер Еди Рама ќе биде домаќин на денешниот неформален состанот на премиерите од државите на Западен Балкан, што ќе биде одржан во Драч.
На состанокот ќе се зборува за интеграцискиот процес и продлабочувањето на регионалната соработка.
На собирот, соопшти Владата на Албанија, ќе присуствуваат премиерот на Македонија Зоран Заев, премиерката на Србија Ана Брнабиќ, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, црногорскиот премиер Душко Марковиќ, како и косовскиот премиер во заминување Иса Мустафа.
Исто така, на состанокот ќе присуствува и комесарот за проширување и соседска политика на Европската унија Јоханес Хан и потпретседателот на Светската банка за Европа и Азија Сирил Милер.
Предвидено е да се одржат неколку-панел дискусии, на кои ќе се зборува за трговијата, услугите, инвестициите и дигиталната економија во земјите на Западен Балкан.
Се очекува премиерите од земјите на Западен Балкан поопширно да го разгледаат и силно да го поддржат спроведувањето на Договорт за транспортна заедница, што беше потпишан во почетокот на јули годинава во Трст.
Собирот во Драч, истовремено, како што е претходно најавено, ќе биде можност за средба на Брнабиќ и Заев, по повелкувањето на вработените од српската Амбасада во Скопје.
Во четвртокот, српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во таа прилика би требало Брнабиќ да договори со Заев одржување на заедничка седница на српската и македонската Влада до крајот на оваа година.
Ново на Сител
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња
-
Турција: Офанзивата во Рафа е уште едно воено злосторство на Израел
-
Германија поради европското фудбалско првенство воведува контроли на сите граници