Ирански рибар убиен од саудиската крајбрежна стража
Ирански рибар беше убиен од страна на припадници на саудиската крајбрежна стража, кои интервенирале поради проценка дека бродот навлегол во саудиски територијални води, изјави претставник на иранското Министерство за внатрешни работи.
- Два рибарски брода, кои ловеле риби во Персискиот залив, скршнале од патот, а припадниците на саудиската крајбрежна стража соопштија дека тие влегле во саудиските води и убиле еден од рибарите, изјави Маџид Агабабе, директор на пограничниот Оддел во иранското Министерство за внатрешни работи.
- Дури и ако бродовите навлегле во саудиските води, крајбрежната стража немала право да пука. Во моментов проверуваме дали навистина тие навлегле во саудиски водите, додаде тој.
- Немаме врска со еден од бродовите, изјави малку подоцна Агабабе.
Инцидентот се случи во атмосфера на зголемена тензија во Персискиот залив, особено меѓу двете големи ривалски земји - шиитски Иран и сунитска Саудиска Арабија, кои немаат дипломатски односи од јануари 2016 година.
Елитната иранска Републиканска гарда го обвини Ријад дека е вмешан во напади во Техеран, во кои загинаа 17 лица. Ова се првите напади во Иран, за кои одговорност ја презеде Исламска држава.
Министерот за разузнавање Махмуд Алави во четвртокот го обвини саудиското кралство дека спонзорира терористички групи во Иран.
Засега нема информации за реакција на саудиските официјални власти.
Ново на Сител
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм,Месингер
-
Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство
-
32-годишен скопјанец ги нападнал неговата мајка и баба
-
Тројца малолетници нападнале 60 годишник на автобуска во Гази Баба
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај