„Њузвик“: Трамп го прекршил ембаргото на САД против Куба
Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп, преку една своја компанија, го прекршил ембаргото на САД против Куба, тајно одржувајќи бизнис на карибскиот остров, пишува неделникот „Њузвик“.
Американскиот весник тврди дека компанијата на Трамп потрошила околу 70 илјади долари на Куба, во текот на 1998 година.
Весникот открива дека компанијата префрлала готови пари на една консалтинг фирма, за да целиот бизнис изгледа сосема легален.
Претставник на изборната кампања на Трамп не ги отфрли целосно наодите на „Њузвик“, но инсистираше дека „парите не биле исплатени“.
Претходно, уште пред да се вклучи во политиката, Трамп има речено дека можел да „направи големи пари“ на Куба, но дека одбил да инвестира на „црвениот остров“.
Демократскиот кандидат Хилари Клинтон, го обвини својот противник во изборната трка, дека „своите лични и бизнис интереси секогаш ги става над законите и над политиката и интересите на САД“.
Таа изјави дека е недозволиво еден претседателски кандидат да биде откриен дека прекршил американски закон.
Реакцијата на Клинтон се смета како нејзин одговор на обвинувањето на Трамп и на републиканците за тоа дека ги прекршила правилата на Стејт департментот, користејќи го својот приватен сервер за праќање служеби мејлови.
Реагираше и републиканскиот сенатор од кубанско потекло Марко Рубио, кој беше противкандидат на Трамп во предизборната кампања.
Рубио побара од Трамп да ги објасни откритијата на неделникот, за кои рече дека ако се точни, откриваат прекршување на американскиот закон.
Американските републиканци кои ја осудија обновата на односите на САД со Куба, половина век беа силни приврзеници на трговската блокада и на санкционирањето на нејзиното прекршување.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?