„Њујорк Тајмс“: Руските авиони ги бомбардираа сириските бунтовници обучувани од ЦИА
Во првиот напад на руската авијација во Сирија, се бомбардирани позициите на вооружените групи на сириска опозиција, кои војуваат против претседателот Башар ал Асад, а не џихадистите на Исламска држава (ИД), тврди „Њујорк Тајмс“.
Весникот пишува дека Русите ги нападнале и групите што се подржувани и финансирани од САД и обучувани од ЦИА.
Влегувањето на Русија во сирискиот конфликт, предизвика бурна реакција во Вашингтон и кај неговите западни сојузници, покажувајќи дека тие веруваат во вистинските намери на Москва, за тоа дека цел на нападите се џихадистите на Исламска држава.
НАТО соопшти дека има „сосема минимална“ координација на Русија со меѓународната анти-ИД коалиција предводена од САД, додека официјален Вашингтон изрази незадоволство од постапката на Москва, за нападот од вчера попладне, да бидат известени, преку американската амбасада во Багдад, само еден час пред започнувањето на операцијата.
Русија денеска ги отрфли западните обвнувања, презентирајќи видео снимки од нападите и тврдејќи дека станува збор за позиции на џихадистите.
Независни воени експерти објаснуваат дека првиот руски удар бил мошне силен и дека тој бил поефикасен и поубоит, безмалку , од сите досегашни напади на авијациите на коалцијата, земени заедно.
Американските и британските медиуми тврдат дека вклучувањето на Русија, во воздушните напади во Сирија е во функција на останување на власт на „режимот на Асад„ па дека во иднина треба да се очекуваат напади врз ИД, но пред се, бомбардирање на позициите на сите исламски вооружени групи кои изминативе години, војуваат против актуелниот сириски претседател.
Русија уште од претходно објасни дека нејзината намера е да и помогне на сириската армија во „уништувањето на терористите“ објаснувајќи дека со тоа се бранат и руските национални интереси, затоа што голем број државјани на Русија војуваат на страната на терористите.
Медиумите на Западот сега прашуваат како ќе реагираат Американците (и западните сојузници) ако Русите ги бомбардираат позициите на „умерените исламисти“ кои војуваат против Асад а се подржани и вооружени од САД.
Според „Њујорк Тајмс“ тоа се случило уште во првиот ден од руското бомбардирање, па се верува дека тоа само уште повеќе ќе ја „потпали“ војната во Сирија.
САД претходно признаа дека од сите групи што беа помагани, на сирискиот фронт сега дејствуваат само четири, или пет, прифаќајки го тоа како крах на политиката за помагање и обучување на бунтовниците.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист
-
Повлечен законот за средно