-->
-->
Ниту една од осумте опции за Брегзит не доби мнозинство во Парламентот
-->
Британските пратеници синоќа гласаа за осум различни опции за брегзит, но ниту една не доби доволна поддршка во Парламентот кој се обидува да најде алтернатива за договорот кој премиерката Тереза Меј го договори со ЕУ, а кој пратениците веќе двапати го отфрлија.
Меѓу опциите за кои се гласаше беа напуштање на ЕУ без договор, останување во царинска унија и единствениот пазар на ЕУ, организирање референдум за договор за напуштање на Унијата, како и поништување на брегзит, ако излезот од ЕУ без договор стане реална опција.
Најголема поддршка доби планот за останување во царинска унија и после брегзит.
Пратениците планираат да го намалат списокот на опциите за кои повторно ќе гласаат во понеделник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?
-
Социјалните работници ги нема во институциите