Македонија
8. December 2017 - 13:12

Ништо не може да ги запре: Крадец преку блиндор врата влезе и опустоши дом на битолчанец

Вчера било пријавено дека во времето од 14,00 до 19,45 часот во Битола на ул.„Филип Втори Македонски“ во куќата сопственост на З.У. (51), непознат сторител извршил тешка кражба, отворајќи ја насилно влезната блиндор врата притоа одземајќи околу 255.000 денари и разновиден златен накит (златници, прстени, обетки, ланчиња, привезоци) стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 320.000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.