Никотин или кофеин, што носи поголем ризик?
Професорот Нистром нагласи дека е важно да се направи разлика помеѓу опасностите од пушењето тутун и консумирањето на никотин без чад и согорување.
Никотинот несомнено предизвикува значителен ризик од зависност, меѓутоа, акутните ефекти врз класичните фактори на ризик за кардиоваскуларни болести, како што е крвниот притисок, се поголеми од консумирањето кофеин отколку од никотинот, рече Фредрик Нистром, професор по интерна медицина на Универзитетот Линкопинг во Шведска, на XXI Меѓународен конгрес за клиничка кардиологија и срцева слабост, CardioS 2023, одржан во Белград.
На конгресот, професорот Нистром презентираше студија која ги покажува ефектите на никотинот и на кофеинот по консумирање обилен оброк. При користење никотин (преку конзумирање на никотински кесички), крвниот притисок се зголемил за околу 3 mmHg, нивото на кортизол, т.н. хормон на стрес, се зголемил, додека потрошувачката на енергија останала непроменета во споредба со плацебо тестот (без никотин). Зголемувањето на крвниот притисок со внесот на никотин било помало од она што било забележано со внесот на кофеин кај здрави субјекти.
Интересно е тоа дека зголемувањето на кортизолот (хормонот на стрес) може да го активира механизам за зголемено внимание и фокусирање, што е клинички добро познат краткорочен ефект на овој хормон. Исто така, краткорочното зголемување на кортизолот кај корисници на никотин било многу помало во споредба со она при силна физичка активност, покажуваат испитувањата. Дополнително, како што вели професорот, забележан е ефектот на никотинот на намалување на телесната тежина, намалување на апетитот, како и на зголемена потрошувачка на енергија.
Како заклучок, професорот Нистром нагласи дека е важно да се направи разлика помеѓу опасностите од пушењето тутун и потрошувачката на никотин без чад и согорување.
Ново на Сител
-
Утре инаугурација на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, ХДЗ бојкотира
-
Мисајловски во официјална посета на Словенија
-
3.142 казнети возачи викендов, 1.498 за брзо возење, 247 возеле без возачка, 111 под дејство на алкохол
-
Пронајдени угинати берберски овци во Зоолошка
-
Тешко повреден 18-годишен мотоциклист
-
Одземени 672 парчиња брендирана роба во дојранско
-
Путин ги испраќа Лавров и Ушаков на разговори со САД во Ријад
-
Умбер ја одбрани титулата во Марсеј