Николовски: Финансии за набавка на фотоволтаични колектори и водопоила во бачилата
Со Програмата за рурален развој за годинава се предвидени средства за околу 50 фотоволтаични колектори кои ќе бидат распоредени во бачилата кои немаат електрична енергија. Воедно, обезбедена е и поддршка за водопоила за бачилата, информирал министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на денешната средба со сточари од општина Чашка и регионот.
Дополнително, во Програмата за финансиска поддршка за 2019 година е зголемена поддршката за произведено и предадено овчо млеко на 4,5 денари, соопшти МЗШВ.
Николовски им соопштил на сточарите дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Јавното претпријатије за пасишта ќе работат на измени на Законот за пасишта за да се овозможи склучување повеќегодишни договори за користење на пасиштата.
МЗШВ работи и на нов оглас за доделување земјоделско земјиште за сточарство, кој ќе биде кумулативен по број на грла. Досега, на огласот до три хектари вкупно се потпишани 35 договори со вкупна земјоделска површина од 79 хектари, а на огласот над три хектари се потпишани 20 договори со вкупна земјоделска површина од 114 хектари.
Ново на Сител
-
Од утре автобусите се враќаат на скопските улици – Вонредна седница на Град Скопје
-
Герасимовски: Град Скопје кочи капитални проекти на Општина Центар
-
Тема на денот со Стефан Кирков, ВМРО-ДПМНЕ
-
Вонредна седница на Владата: ЈСП ќе добие нафта од државните резерви
-
Итна седница во советот на Град Скопје
-
Македонскиот јазик е на удар на соседите и со тоа е загрозен пристапниот процес во ЕУ
-
Растат платите, но и трошоците - За една година животот поскап за 13.000 денари
-
Граѓанските организации бараат државата да ги унапреди превентивните здравствени програми и да не крати средства