Николовски: Eдинството е основа и база на партијата, но ние поткрепуваме дебата и дискусија
Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во гостување во Тема на денот на Сител телевизија истакна дека отсликувањето на вредностите на СДСМ е пресликано во вчерашните одлуки на 26. Конгрес на партијата.
„Имаме нова заменик претседателка на партијата, која што води економска институција, која што е правник, која што поминала низ сите структури на партијата. Го имаме вицепремиерот Фатмир Битиќи, за нов потпретседател на партијата, доктор Венко Филипче којшто прв пат влегува во органите на партијата. Неколку лекари, што оставија силен белег во овие две години менаџирајќи ја кризата, рече Николовски.
Тој нагласи дека тоа потврдува дека СДСМ е насочена на целосно справување со здравствената и економска криза.
„Спасивме 100.000 работни места, испорачавме многу пакети мерки, кои опозицијата ги блокираше бевме силно одговорно поставени и тоа граѓаните го потврдија на 15 јули. Меѓутоа се отвораат нови поглавја и нови политики. Зелените политики, искористувањето на природните ресурси, како да ги вратиме младите, паметните луѓе во татковината. Како да ги искористиме во рестартот на македонската економија. Борбата против корупцијата и криминалот е силно поставена во овој поглед, истакна Николовски, најавувајќи голем пакет економски инвестициски проекти кои следуваат.
Вчера испорачавме и кадровска и програмска нова политика, единството е основа и база на партијата, но ние поткрепуваме дебата и дискусија, што го прави СДСМ модерен, европски и разнолик, како што е денеска, додаде генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.
Ново на Сител
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец
-
Кога пензионираните пилоти за ер тракторите ќе се вратат на работа?
-
Традицијата продолжува - Златните денови Кратово 2024