Николовски: Е-инспектор почнува со примена во пазарен, трудов и управен инспекторат
Имплементацијата на електронскиот систем е-инспектор започнува со примена во трите клучни инспекторати – Државниот пазарен инспекторат, Државниот трудов инспекторат и Државниот управен инспекторат. Останатите инспекциски служби под надлежност на Инспекцискиот совет етапно ќе се приклучуваат на софтверот, така што сите 28 инспекторати ќе бидат електронски поврзани, информира на денешната прес-конференција во Владата вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
За ефикасна имплементација на надзорите и контролите, Николовски посочи дека веќе е обезбедена целосна опрема за овие три инспектори и се што е неопходно за дигитално спроведување на надзорите и контролите.
– Со овој систем се намалува човечкиот фактор и се елиминира субјективниот пристап на инспекциските надзори и контроли. Целокупниот процес од распределба на контрола, генерирање на записници од инспекциската контрола и самото издавање на решение на крајот ќе бидат електронски, со што човечкиот фактот ќе биде изземен, изјави Николовски.
Инспекторот, посочи Николовски, нема да може сам да одлучува во кој фирма ќе врши надзор и одлуката ќе ја добива од софтвер, кој ќе ги рангира на фирми со високо, средно и ниско ниво на ризик.
– Ова е фер пристап, затоа што фирмите кои ги почитуваат законите и плаќаат данок, нема да бидат оптеретени со постојани редовни контроли, а оние кај кои претходно биле детектирани пропусти соодветно ќе се контролираат, изјави Николовски.
Ова е механизам, нагласи Николовски, што ја праќа пораката дека нема недопирливи и не може да се избегне плаќање на данок, а истовремено системски се справува со корупцијата.
– Ова праќа порака дека се воведува ред, правичност, дисциплина, дека законот важи за сите, дека данокот мора секој да го плати, дека не може да има повластени, недопирливи. Законот мора да важи за сите, изјави Николовски.
Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска истакна дека со дигитализацијата на инспекциската постапка, всушност се воведуваат новини особено во фазата на планирање на надзорите, односно каде и кога ќе се врши надзорот, но исто така се обезбедува и автоматско генерирање на записниците и решенијата што произлегуваат од оваа постапка.
– За да може сето ова да функционира беше неопходно да се изготват голем број акти што произлегуваат од законот за инспекциски надзор, а тоа се повеќе од 200 листи на проверка или поинаку наречени чек листи кои се задолжителни при спроведувањето на редовните надзори и се вклучени во овој систем е-инспектор, и методологиите за проценка на ризик кои се 28 на број за секоја инспекциска служба по една методологија, во која се утврдени критериумите за степенот на ризик на субјектите на надзор во однос на почитувањето односно на непочитувањето на законските обврски, истакна Филиповска-Грашкоска.
На овој начин, додаде таа, во иднина со полнење на базата на податоци со информации за субјектите на надзор, добиени од претходните надзори, во смисла дали или кои законски обврски ги почитувале или не, системот ќе биде во можност да ги класифицира субјектите на надзор на високо, средно или нискоризични субјекти и во зависност од степенот на ризик соодветно ќе им се планираат редовни надзори.
– Со системот Е-инспектор се прават промени и при распределбата на надзорите, односно распределбата на надзорите, предметите, до инспекторите ќе биде исто така автоматизирана, и ќе се врши согласно одредени критериуми како што се обемот, сложеноста и тежината на надзорот од една страна, а од друга страна нивото на работното место на инспекторот, искуството и обемот на неговата работа, дополни Филиповска-Грашкоска.
Ново на Сител
-
Учество на министерот Муцунски на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите - членки на НАТО
-
ОН загрижени за случувањата во Јужна Кореја
-
Во израелски напад убиен припадник на Хезболах, задолжен за врска со сириската војска
-
Зеленски: Украина тестираше нови ракети од сопствено производство
-
Осумдневен притвор за млад скопјанец кој се обидел да запали знаме
-
Истрага и побарана мерка притвор за лице кое поседувало амфетамин во Инџиково
-
Претседателот на јужнокорејскиот Парламент вели дека војниците го напуштаат парламентот
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патниот правец Маврово - Бунец